Преку масажа до победа

Жозе Мурињо беше во свој препознатлив елемент по големата победа на Манчестер Сити.

 |  Голабовски Крсте  | 
Jose Mourighno
Жозе Мурињо

Жозе Мурињо беше во свој препознатлив елемент по големата победа на Манчестер Сити.

Освен тоа што упати честитки за своите играчи, Португалецот истакна дека најзаслужен за победата бил масерот на тимот.

„Не се шегувам, пред мечот во соблекувалната на екипата и се обрати нашиот масер Били, инаку Шкотланѓанец. Се обиде да говори англиски, на моменти звучеше како закана. Ништо не го разбравме, барем јас, играчите изгледа го разбраа, затоа што победивме. Јас последен пат разговарав со фудбалерите неколку часа порано“, изјави Мурињо.

Manchester Типот за кој говори Мурињо е Били Мекулок, масер на Челси кој е голем навивач на клубот, инаку со потекло од Шкотска, роден е во Свиндон.

Потоа Мурињо го спореди својот тим со мало пони.

„Битката за титулата е меѓу два коња и едно пони. Тоа сме ние Челси, се уште цицаме млеко и учиме да скокаме. Но сакаме да играме големи натпревари, оваа победа тоа го покажа. Остануваме во трка, иако Арсенал е фаворит“, додаде Мурињо.

Не издржа да не го пецне Бенитез.

„Ова е вистинска еволуција, одиме во добра насока. За тимот е важно да не игра Лига на Европа и не заостанува зад водечките 15-20 бода“, објасни Португалецот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top