Lilic

Поранешен претседател на СР Југославија го интервјуирал Гадафи за Пинк ТВ

LilicНа србите им успеа она што не успеаа ни CNN ниту BBC. Како ТВ Пинк доби светска ексклузива?

Белградската телевизија “Пинк“ добила интервју со лидерот на Либија, Моамер Гадафи, благодарение на добрите врски на Зоран Лилиќ, поранешен претседател на СР Југославија од средината на деведесеттите години, со арапскиот свет.

Интервјуто го водел токму Зоран Лилиќ, кој пред два дена отпатувал во Триполи, за лично да побара од Гадафи помош за евакуација на граѓаните на Србија. Користејќи ја оваа прилика, Лилиќ, кој функцијата претседател на СРЈ ја извршуваше за време на режимот на Слободан Милошевиќ, односно од 1993 до 1997 година, договорил и интервју со водачот на Џамахиријата за телевизијата “Пинк“. Но, некои српски медиуми шпекулираат дека ова предизвикало остри реакции во српската влада. Сепак интервјуто било направено телефонски, и вчера било емитувано на ТВ “Пинк“.
Lilic i gadafi
Инаку, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција, според која на либискиот режим на чело со Гадафи му се воведуваат санкции, односно на водачот на Џамахиријата и на членовите на неговото семејство му се забрануваат патувања, а замрзнат им е и целиот имот, додека на Либија и е воведено ембарго за увоз и извоз на оружје.

{loadposition content9}

“пинк“, арапскиот, белградската, водачот, Гадафи, години, деведесеттите, Зоран, интервју, интервјуто, ја, југославија, Либија, лилиќ, претседател, свет, ср, средината, тв, џамахиријата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top