Полицаец 20 минути се бркал самиот себе

Британски полицаец, се бркал 20 минути самиот себе и сето тоа по „вина“ на безбедносните видео камери кои се поставени низ градот.

 |   | 
Britanija policija
Britanija policija

Британски полицаец, се бркал 20 минути самиот себе и сето тоа по „вина“ на безбедносните видео камери кои се поставени низ градот.

Britanija policijaПолицаецот кој бил на задача во цивилни алишта  го надгледувал теренот во кој се случиле голем број грабежи, во еден неименуван град во југот на Велика Британија.

Додека тој „трагал“ по осомничениот, операторот поврзан со безбедносните камери му дојавил дека е забележан по улиците некој со многу сомнително и чудно однесување. Но тој не сфатил дека всушност на камерите го гледа полицаецот облечен во цивилни алишта, кој во тој момент ја извршувал својата должност, пренесува „Телеграф“

Операторот го насочувал полицаецот каде да оди, велејќи му дека осомничениот е многу блиску, односно на истата улица на која сенаоѓа и тој.

„Секогаш кога „осомничениот“ ќе влезе во некоја улица, операторот веднаш му давал насоки на полицаецот каде да оди, а секогаш кога операторот ќе го прашал, што гледа, тој одговарал дека од осомничениот нема ни трага ни глас“, вели анонимен извор.

„Подоцна се шегувавме за ова, но се беше во границите на нормалата, така да никој не се навреди“, додава изворот.

Полицаецот бркајќи се самиот себе поминал цели 20 минути, а оваа брканица ја запрел шефот на полицијата, кој влегол во контролната просторија со камерите и го препознал „осомничениот“ по што добро се изнасмеал.

Деталите поврзани со овој „инцидент“ излегоа во полициското списание „Полиција“, а нив официјално им ги пренел, еден сведок на целата оваа комична ситуација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top