Мафијата годишно „врти“ 20 милијарди евра преку екологија

Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте.

 |  Маја Савиќ  | 
mafia
мафиа

waste managementИталијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте.

Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето.

Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање во Африка или на Блискиот исток исправни делови од компјутери, претставени како неупотреблива опрема.

Бројот на кривични дела е значајно зголемен во секторот на отпадот (33 отсто) и оштетување на растителниот и животинскиот свет (58 отсто).

„Мафијата се потврди како цврст и моќен холдинг кој ја загрозува иднината на земјата, одземајќи и ги скапоцените ресурси на легалната економија,“ вели претседателот на  Легамбиенте, Виторио Кољати Деза.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top