Крвав „Бир Фест“ во Белград

Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица.

 |   | 
Beer fest
Beer fest

Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица.
Beer fest

Повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, српските медиуми јавуваат дека три лица се потешко повредени а седум завршиле со полесни повреди. Причините за нападот се уште не се познати.

Од итна помош известиле дека на фестивалот се повредени најмалку 18 лица, бидејќи освен повредените со нож, имало и луѓе кои се здобиле со повреди при пад на заштитната ограда и во тепачка што избила околу 5 часот наутро. Заради разни дела, полицијата привела пет лица.

Околу 2:30 часот со нож во стомакот бил убоден 23-годишник кој е пренесен на хирургија, а неколку минути подоцна убод во стомакот добил и 27-годишен дечко кој бил префрлен на реанимација во Ургентен центар.

25-годишна странска државјанка завршила во Ургентен центар откако врз неа паднала заштитната ограда повредувајќи и го рбетот. Оградата му нанела повреди и на 30-годишник, кој е пренесен на неврохирургија.

“Belgrade Beer Fest” е најголем фестивал на пиво во Југоисточна Европа, кој во просек го посетуваат 500.000 луѓе секоја година. Фестивалот прв пат се одржа во 2003-та. Оваа година фестивалот започна на 17-ти август на Ушче и беше предвидено да трае до 21-ви август.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top