Голема хрватска народна сабота против владата

Најомразената влада во кратката историја на хрватската самостојна држава денеска би можела  да биде сериозно разнишана, потценетиот „Facebook бунт“ денес ќе ја покаже вистинската сила, пишува Индекс.

 |  Маја Савиќ  | 
Kosor
Косор

protestНајомразената влада во кратката историја на хрватската самостојна држава денеска би можела  да биде сериозно разнишана, потценетиот „Facebook бунт“ денес ќе ја покаже вистинската сила, пишува Индекс.

На плоштадот Бан Јелачиќ се подготвува антивладин протест. Поставена е сцена со огромен транспарент на кој пишува „Овчарката Јаца“ кој алудира на премиерката Јадранка Косор прикажана на ливада со овци на кои се изпишани имињата на водечките HDZ -овци.
Полицијата го чува Марковиот плоштад очигледно стравувајќи протестантите да не се упатат кон кабинетот на Косор.

На неодамнешниот коментар на премиерката дека поради такви протести Хрватска не може во Европа, Акцијата на млади и испрати отворено писмо во кое се вели: „Не можеме во Европа, г-ѓо Косор, не поради огорчените граѓани на кои улицата им остана последниот избор за искажување на незадоволството туку поради корупциските афери и црни фондови на поранешниот премиер кој трули во странски затвор. Не можеме во Европа г-ѓо Косор затоа што за овие 20 години самостојност вашата партија создаде плодно тло за корупција, непотизам, криминал и неморал.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top