ЕУ нема план Б за грчкиот „ден Д“

Грчкиот парламент денес треба да се изјасни околу мерките за штедење кои ги предложила владата. Во Брисел се очекува новиот пакет мерки да биде усвоен. Причина за тоа е тоа што Европската Унија нема план Б за спас за Грција, пишува “Дојче Веле“.

 |   | 
ne za shtedenje
не за штедење

EU parlamentГерманскиот министер Волфганг Шојбле на последниот состанок на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ во Луксембурк одговарајќи на новинарско прашање“ што ако Грците не го усвојат новиот пакет мерки за штедење“, тој сосема неочекувано рекол, “Одлуката е на Грција, ние секоја одлука ќе ја почитуваме. Нашиот совет е да оди по патот кој е договорен, но имаме разбирање за секаква одлука и сме подготвени на се’“.

Оваа последна реченица на германскиот министер би требало да делува смирувачки, но тоа не значи ништо друго туку дека финансиските експерти веќе долго време се занимаваат со можните сценарија за Грција доколку банкнотира.

Во Брисел не се разговара повеќе за тоа, туку постојано се повторува реченицата “Не постои план Б“.

Не постои план Б кој би можел да спречи банкрот на таа членка на евро зоната. Доколку грчкиот парламент не ги одобри мерките за штедење нема да ја добие меѓународната финансиска помош и Грција за само пет дена ќе мора да прогласи банкрот.

“Државата не може да живее со години над своите можности. Грција постојано се потпирала на критериумите на Пактот за стабилност. Се надевам дека ќе се соочи со реалност и ќе го избере вистинскиот пат“, истакнал Шојбле.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top