Асанж уапсен

Британската полиција вели дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж е уапсен. Во понеделникот тие добија налог од Шведска за апсење поврзано со обвиненија за силување.

 |  Маја Савиќ  | 
julian assange
Џулиан Асанж

39-годишниот Австралиец го негира обвинувањата за сексуален напад врз две жени во Шведска. Скотланд Јард објави дека Асаннж бил уапсен во полициска станица во Лондон во 9 и 30 утрото. Денеска подоцна треба да биде изведен пред суд.
julian Assange
Претходно Асанж, чијашто објава на тајни дипломатски преписки го разгневи Вашингтон, рече дека се подготвува да разговара со Британската полиција.

Вчера Швајцарија ги замрзна неговите банкарски сметки. Викиликс исто така мораше неколку пати да ја смени својата интернет адреса откако беше цел на хакерски напади.

Во меѓувреме, последните доверливи американски документи објавени од Викиликс покажуваат дека НАТО правел планови да ги брани Балтичките држави во случај на руска агресија.

Преписка потпишана од американскиот државен секретар Хилари Клинтон во јануари оваа година покажува дека во НАТО имало согласност да се прошири планот за заштита на Полска со Естонија, Летонија и Литванија.

Во преписката се вели дека за плановите не треба да се разговара јавно оти тоа може да предизвика тензија меѓу НАТО и Русија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top