Повторно закани кон Каталонците

Дали на повидок е крај на големите дерби натпревари Реал – Барселона

 |  инфодеск  | 

Каталонија се спрема за референдум на 14 ноември оваа година и со кампањата ЗА, тргна и кампањата ПРОТИВ.

Имено, ова се однесува и за фудбалскиот дел од јавноста, а се заговара исфрлање на Барселона од Примера доколку дојде до отцепување на Каталонија.

“Ако Каталонија се осамостои, Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го смениме законот за спорт”, рекол првиот човек на шпанската лига Javier Thebes.

Со ова фактички им запретил на челниците на Барселона бидејќи познато е дека тој трофеен клуб отворено го заговара отцепувањето, а во кампањата учествуваат сите фудбалери од клубот родени во Каталонија.

Но, ова во Барселона не ги загрижува и се уверени дека самите нудат премногу за да некој се откаже од нив, а ако пак се откажат, тие имаат своја алтернатива. Впрочем, не се тие единствениот клуб, тука се уште спомнатиот прволигаш Еспањол, но и помали тимови како Гирона, Леида и Тарагона.

И, аргумент плус е тоа дека Андора исто така потпишала посебен договор па нејзините клубови учествуваат во шпанскиот фудбалски систем на натпреварувања. Така да, сигурно ќе се најде место за еден од најдобрите фудбалски клубови во историјата на најпопуларниот спорт на светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top