Викендов започнува теренската проверка на избирачите

Од сабота па во наредните 10 до 15 дена, 374 анкетари треба теренски да проверат 100 илјади 436 избирачи, пренесува „Телма“.

dik

Од сабота па во наредните 10 до 15 дена, 374 анкетари треба теренски да проверат 100 илјади 436 избирачи, пренесува „Телма“.

Одговорите ќе ги бараат лично од лицето кое е предмет на проверка, објаснува ДИК. Ако е отсутно, преку член на семејството или преку соседите, анкетарот ќе најави дека ќе дојде повторно. Доколку и вториот пат биде отсутно, близок роднина треба да ги објасни причините.

dikИмињата на лицата кои ќе бидат проверувани и нивните адреси ќе бидат познати наредниве денови пред почетокот на теренската проверка. При вкрстената проверка спроведена од експерти и аналитичари ангажирани од ДИК, нивните податоци се покажале спорни или сомнителни.
Од ДИК објаснуваат дека овој процес, што за прв пат се спроведува во земјава, треба да ја врати довербата во Избирачкиот список. Не се предвидени казни за граѓаните кои нема да соработуваат.

Заради обезбедување политичка доверба, на теренската проверка може да присуствуваат набљудувачи од четирите најрелевантни партии. Анкетарите треба да се легитимираат со лична карта и со беџ. Посетите на домовите ќе ги реализираат во периодот од 8,30 до 19 часот. Пополнетите прашалници ги доставуваат до контролорите, односно до раководителите на подрачните одделенија на ДИК. Во наредните денови, сите ќе поминат соодветна обука. По спроведувањето на теренската проверка, ќе се одлучува како ќе се постапува со неточните записи и во каква процедура би можеле да се избришат од Избирачкиот список.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top