Северина одбива да потпише предбрачен договор

Љубовната идила на српско – хрватскиот пар се чини дека неодамна била нарушена кога адвокатите на Милан Поповиќ побарале од Северина да потпише предбрачен договор.

 |   | 
severina
северина

северинаЉубовната идила на српско – хрватскиот пар се чини дека неодамна била нарушена кога адвокатите на Милан Поповиќ побарале од Северина да потпише предбрачен договор.

Како што пишува “Ало“ адвокатите на српскиот бизнисмен инсистирале на хартија да се осигура неговиот имот, иако тој лично не бил многу расположен за таквата идеја.

Меѓутоа, хрватската ѕвезда која е сега во четвртиот месец од бременоста не сакала ни да слушне за тоа.

северина

“Нема да потпишам никаков договор. Да потпишеш договор за љубов не е нормално. Ниту во врска, ниту во брак не се тргнува по финансиска стабилност, туку затоа што ќе ја најдеш личноста која и во добро и во зло може да ти биде потпора. А ако исчезне љубовта помеѓу двајцата кои се сакале, не смее да исчезне комуникацијата. Во таква ситуација, луѓето треба да се однесуваат пријателски и чесно“, изјавила своевремено Северина за хрватскиот магазин “Глорија“, не сметајќи на тоа дека некогаш ова ќе мора да го покаже и на дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top