Пуканките се поздрави од зеленчукот и овошјето

Обичните пуканки веќе се прогласени за одлична диетална храна поради малото ниво на калории, а новото испитување изненади многуммина.

 |   | 
pukanki
пуканки

Група научници тврдат дека пуканките се богати со антиоксиданси и се поздрави од овошјето и зеленчукот. Најважните активни состојки во пуканките се полифенолите, соединенија кои им се спротивставуваат на слободните радикали и ги штитат крвните садови, пишува Деjли Мејл.

pukanki

Една порција пуканки, според проценките на научниците има 300 милиграми антиоксиданси, речиси двојно повеќе од една порција овошје.

-Пуканките заслужуваат повеќе почит. Тие се нутрутивно злато, изјави Џо Винсон, еден од учесниците во истражувањето. Меѓутоа, тоа не треба да биде храна на која ќе се темели дневниот оброк, бидејќи не содржат витамини кои можеме да ги најдеме во овошјето и зеленчукот.

Незачинетите пуканки имаат ниска калорична вредност. Но, бројот на калории зависи од начинот на нивното подготвување, така што сами можете да одлучите дали сакате да имате најдиетални грицки од сите останати на светот или малку по калорична „ужина“. Доколку не се подготвени на путер имаат околу 90 калории во една порција, која во зависност од дополнителните масни додатоци може да се искачи и до 300 калории.

Поради отсуството на шеќерот, пуканките се иделни грицки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top