Почина оскаровецот Филип Сејмур Хофман

Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк.

Phillip Seymour Hoffman
Filip Sejmor Hofman

Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк. Светските медиуми пренесоа дека телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент.

Phillip Seymour HoffmanСпоред неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста. Сепак причината за смртта дополнително ќе се утврдува.

Актерот Филип Сејмур Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година во кој го толкуваше контроверзниот писател Труман Капоти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top