Мистериозна топка од мраз во Чешка

Голема топка од мраз се појави во централна Чешка во близина на аеродромот „Божји Дар“. Мистериозно е тоа што деновиве во Чешка температурата е над 15 степени.

 |   | 
topka od mraz
топка од мраз

Голема топка од мраз се појави во централна Чешка во близина на аеродромот „Божји Дар“. Мистериозно е тоа што деновиве во Чешка температурата е над 15 степени.
topka od mraz
Топката со дијаметар од два метри е најдена во блиската шума, која порано била воен простор и каде луѓето постојано наоѓаат неиспукани гранати и мини.

Според очевидец, кој ги извести медиумите и на кои им даде фотографија од топката,  таа е составена од правилни парчиња мраз и потсетува на иглу.

Засега е непознато кој ја донел таму и како.

Од полицијата соопштуваат дека кај нив никој не го пријавил случајот, иако слушнале за тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top