Љубовта е лековит коктел од хормони

Дознајте низ кои фази минува и како влијае на здравјето.

 |   | 
love
love

Препотување, румени обравчиња, лупање на срцето, нерационално однесување…ова се показатели дека не погодила Аморовата стрела. Др. Хелен Фишер, психолог од Универзитетот во Њу Џерси, тврди дека заљубеноста дава енергија, добро расположение и мотивација. За сето тоа се одговорни хормоните во мозокот на заљубените а основна цел им е продолжување на човештвото.

Др. Фишер тврди дека заљубувањето поминува низ 3 фази- страст, заљубеност и приврзаност, и дека нашето тело и ум постепено минуваат низ секоја од нив.

love

Фази низ кои минува љубовта

Страст (желба)

Со оваа фаза управуваат сексуалните хормони тестостерон и естроген. Овие хормони го иницираат нагонот во личноста да бара сексуален партнер.

Заљубување
Во оваа фаза личноста престанува да функционира нормално и рационално и на физичко и на ментално ниво. Ова е најубавата фаза бидејќи во неа чувствуваме дека се`е возможно и дека светот постои само за нас и нашата среќа. За оваа состојба заслужни се неуротрансмитерите допамин, хормонот на еуфорија, норадреналин, хормонот на стрес, и серотонин, хормон на среќата.

Приврзаност
Ако врската ги преживее првите две фази и коктелот на хормони, преминува во фаза на приврзаност. Тогаш започнува квалитетен и цврст однос. Во оваа фаза можеме да размислуваме, да спиеме мирно, да размислуваме рационално…и тогаш доаѓа желбата за подигнување потомство.
love
Како љубовта влијае на здравјето…

– Штити од грип
Љубовта е најдобар лек против настинки и грип затоа што во телото се создава имуноглобин А кој го зајакнува имунитетот и не чува од вируси.

beauty– Подмладува
Благотворно делува на изгледот. Луѓето кои се среќно заљубени, на кои им е возвратена љубовта, изгледаат дури и до 12 години помладо. И повторну целата заслуга ја имаат хормоните. Мајката природа ги подготвува и одржува во добро здравје единките од кои очекува потомство.

– Ја лекува главоболката
Љубовта ја лекува главоболката бидејќи под влијание на кортикостероидите кои се лачат кога сме вљубени се создава природен аналгетик во телото.

– Го нормализира месечниот циклус
Серија студии на Универзитетот Стенфорд покажале дека заљубените жени имаат редовна менструација за разлика од осамените.

– Не прави убави и привлечни
Заљубените луѓе зрачат и околината ги смета за многу привлечни. Ендорфинот и допаминот предизвикуваат чувство на опуштеност, пријатност и самодоверба, плус го неутрализираат штетното дејство на хормонот на стресот. А позитивните и пријатни луѓе кои зрачат со самодоверба се исклучитено привлечни и харизматични без оглед на надворешниот изглед.

love

Зошто се заљубуваме?

ПРИЧИНИ                      МАЖИ      ЖЕНИ
Добра комуникација      37, 8%      41,2%
Секс                                 41,8%       28,9%
Слични желби               28,9%       25%
Заедничко хоби             23,9%       23,9%
Смисла за хумор           24,4%       18,4%
Ист круг на пријатели   10,9%          9,2%
Пари                                17,9%        25,0%

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top