Ќе се снима филм за легендарната ШЕР

Вечно младата пејачка Шер денес го прославува 75-от роденден. Таа ги изненади фановите откривајќи дека подготвува биографски филм за нејзиниот живот.

 |   | 

Легендарната американска пејачка, актерка и музички продуцент, која денеска го слави 75-от роденден, ги израдува фановите откривајќи дека започнала да работи на биографски филм за нејзиниот живот и кариера.

Филмот што ќе го снима „Јуниверзал“, ќе биде под продуцентската палка на тандемот Џуди Крајмер и Гари Гетман, продуцентите на филмот „Мама миа“ и „Мојот драг пријател“.

Сценариото на филмот за Шерлин Саркисјан, или мегапопуларната музичка дива Шер, пак, ќе го работи Ерик Рот, авторот на сценариото за филмовите „Форест Гамп“ и „Ѕвездата е родена“.

Шер важи за една од најголемите ѕвезди во историјата на филмската и музичката индустрија. Во текот на својата кариера, што трае речиси 60 години, Шер доби многу престижни награди како Тони, Еми, Греми и Оскар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top