„Хобитот“ „лапна“ една милијарда долари

Блокбастерот на Питер Џексон “Хобитот: Неочекувано патување” влезе во ексклузивниот клуб на 15 блокбастери чии приходи ја надминуваат бројката од милијарда долари во светската дистрибуција.

hobit
хобит

Блокбастерот на Питер Џексон “Хобитот: Неочекувано патување” влезе во ексклузивниот клуб на 15 блокбастери чии приходи ја надминуваат бројката од милијарда долари во светската дистрибуција.

Филмот на Питер Џексон во првата недела на прикажување заработи 84 милиони долари, а вкупната заработка изнесува 1 001 134 992 долари.
За да ја постигне оваа вртоглава заработка му требаа само 77 дена.

hobitСе очекува дека по прикажувањето во Кина, каде што штотуку пристигна на кино репертоарите, ќе ја надмине и оваа бројка и ќе го надмине “The Dark Knight” на Кристофер Нолан и “Алиса во земјата на чудата” на Тим Бартон, двата филма кои се во моментов се пред него на „листата на милијардери“ .

Врвот на овој список се уште го држи “Аватар” на Џејмс Камерон, кој од 2009 година. до денес заработил 278 милијарди долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top