Атиџе промовираше дует песна со Турунџиева

Ѕвездата на „Медена земја“ Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева ја промовираа заедничката песна која носи наслов „Од Бекирлија до Битола“.

 |   | 

Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова и пејачката и водителка Сузана Турунџиева ја промовираа новата заедничка песна насловена како „Од Бекирлија до Битола“. 

Музиката и текстот се на Сузана, додека за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров. 

И на промоцијата и во видео записот за песната, не за прв пат, јавноста ја виде стилската трансформација на Атиџе од Бекирлија, а овој пат таа изненади со нова фризура, одличен избор на фустан и сандали со висока потпетица. 

Во продолжение слушнете го музичкото дуетско остварување на Турунџиева и Атиџе:

https://youtu.be/Gi_jlGknH88 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top