Завршува спортско едукантивниот камп „Охрид 2016“

Седумдесет деца од Охрид, Скопје, Битола, како и од српскиот град Крагуевац, ќе понесат прекрасни спомени во своите градови за спортските, забавните и едукативно образовните активности во кои уживаа изминативе шест дена, но и за дружењето, забавата, како и првите детски љубови.

 |   | 

Последен ден од спортско едукативниот камп „Охрид 2016“. Обуките за нуркање со кои денес се сретнаа учесниците на кампот, беа последните од програмата подготвена за нив, па сега се подготвени да понесат дома голем број прекрасни спомени кои ќе останат со нив засекогаш.

„Многу ми се допаѓа кампот и тука имав можност од се да се одморам, јас како пливач можам да кажам дека после тренинзите ова навистина ми беше потребно. Прекрасно е езерото. Буквално се е екстра, и организиацијата, со оглед на тоа што се организира за прв пат.Посебно ми се допадна курсот за спасители на вода, бидејќи планирам да станам спасител идната година и навистина имам само пофални зборови.„Премногу сум задоволен од овој камп пред се од организацијата, пробавме многу нови спортови, почнавме со хокеј на трева завршивме со нуркање и следната година би сакал да биде исто можеби и подобро“ задоволни се учесниците на кампот.

Седумдесет деца од Охрид, Скопје, Битола, како и од српскиот град Крагуевац, ќе понесат прекрасни спомени во своите градови за спортските, забавните и едукативно образовните активности во кои уживаа изминативе шест дена, но и за дружењето забавата како и првите детски љубови. Самиот концепт на содржините е толку добро осмислен што дава простор за менување и збогатување, па со нетрпение ја чекаме следната година, вели Драган Сретеновиќ, – претставник на Општина Крагуевац – Србија.

„Морам да кажам дека ние во Србија досега не сме имале ваков вид на камп, воглавно камповите кои кај нас се организираат се врзани само за одреден вид на спорт. Ја прифативме поканата од срце, инаку дојдовме со деца кои се спортисти кои имаат постигнато одредени резултати, па ова за нив е еден вид награда, но самиот концепт на кампот е извонреден“, вели Драган Сретеновиќ, – претставник на Општина Крагуевац – Србија.

Професорот Витомир Лазоровски ги пофали не само спортските, туку и слобосните активности и едукативните работилници кои беа составен дел на овој летен камп.

„Имаа можност да направат авиончиња, ракетно моделарство, имаа задоволство да пукат со воздушна пушка, најголем дел од нив никогаш не биле на надморска висина над 2000 метри, на што сум посебно горд на моите ученици, да не зборам за стандардните уживања во езерото и базенот. Еве за крај уживаат во нуркање, одличен концепт, тајмингот е одлично погоден“ објаснува Лазороски.

Од асоцијацијата на спортови додаваат дека интернационалниот карактер што кампот го има уште во првата година, претставува чекор поблиску во реализацијата на нивната визија, а тоа е Охрид град на спортот и дружењето. Иван Цветкоски, претседателот на Аоцијацијата смета дека се на вистинскиот пат, пат на кој се убедени дека во иднина ќе имаат уште многу повеќе поддржувачи како од нашиот град така и од многуте држави од балканот и пошироко.

„Верувајте дека Наредната година, сигурен сум дека ќе имаме учесници и претставници од други држави и се тоа ќе биде дополнителен мотив, кампот ќе треба да прерасне и во делот на комуникацијата на едно повисоко ниво во кој ќе се говори на англиски, на сите тие моменти ќе имаме време да работиме ќе се подготвиме феноменално“ објаснува Цветкоски.

Одличната организација, богатата програма и мотивот за организација со кој влегоа претставниците на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“, се доказ дека Охрид има и желба и капацитет за организирање на вакви прекрасни настани. Со заедничко ноќно капење вечерва во хотелот „Десарет“ и официјално завршува првиот Спортски летен камп.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top