Во Абу Даби изложени уметнички дела на три генерации охридски уметници

Деновиве во Абу Даби – Обединети Арабски Емирати започна културната манисфестација наслеовена како „Месец на Македонска Уметност“ во чии рамки беше поставена и ликовна изложба со дела од охридски сликари.

 |   | 

На ликовната изложба која по тој повод беше отворена на 28.01.2017 во галеријата Abu Dhabi Art Hub, покрај четворица други ликовни уметници од Македонија, учествуваат како гости со нивни дела и Вангел Наумовски, Рубенс Наумовски и Јана Наумовска.

Вангел Наумовски е претставен со 3 масла на платно и 3 акрилици на хартија. Рубенс Наумовски е претставен со 7 масла на платно, а Јана Наумовска со 3 масла на платно.

Ова е за првпат тројца, од три генерации на фамилијата наумовски да излагаат заедно, прв пат во Абу Даби и прв пат Јана Наумовска да се претстави со свои дела пред јавност. Изложбата ја отвори амбасадорот на Р.Македонија во ОАЕ господинот Сашо Ташевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top