Вечерва во црвквата Св. Софија, настап на филхармониската хорска капела „Јарославија“

Вечерва со почеток во 18 часот во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на хорот „Јарославија“ на Јарославската државна филхармонија Станува збор за настан кој е дел од програмата на „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“.

 |   | 
hor

Филхармониска хорска капела „Јарославија“ од древниот руски град Јарослављ има многу настапи во Русија и во странство. Оваа капела ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент е Владимир Контарев.

На концертот ќе се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како и литургиски песнопенија. Влезот за концертот е слободен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top