• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Градбата со висина од 13,5 метри го затвара видикот пред нивните домови, а надлежните минатата година кога го издале решение за реконструкција и надградба не ги почитувале законските одредби. На овој атрактивен дел од Охридското Езеро имот поседуваат и странски државјани кои сега стравуваат дека на пазарот на недвижности ќе се обезвредни нивниот имот.

 |  Валентина Неловска  | 

Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле и до Министерството за транспорт и врски и до Државниот градежен инспекторат дека не се испочитувани законските прописи и Правилникот за стандарди во урабанистичкото планирање, кажува Аврамоски. Аврамоски покренал и тужба до Општинскиот суд, а во меѓувреме објектот непречено се гради без правосилно и конечно решение иако нивниот адвокат вложил тужба до Управниот суд на РМ.

„Прескокнати се сите одредби од Законот, нема дојдено инспектор да ја утврди фактичката состојба како и каде се гради. Според член 59 од Законот за градба, не може да се гради каде и како сака без разлика дали има урбанистички план. Треба да се види фактичката состојба и дали се предизвикува загрозување на урбанистичката средина и ако се загрозува да се внимава какво решение се издава“, се жали Аврамоски.

Алан Роу, Аглиски државјанин, пред 10 години купил имот во оваа населба. Вели вложив многу пари затоа што како пензионер сакав да живеам во Охрид и да уживам во видикот на Охридското Езеро, тука да биде мојот дом. Роу, споредува како се гради во Англија и не му е сфатливо она што се случува во Охрид.

„Планирањето и регулативата во Англија се многу јасни. Никој не би се осмелил да гради без строго да ги почитува законите и да се придржува на одобрението за градба и градското планирање“, вели Роу

Сопствениците на куќите чиј видик се затвара од спорниот објект стравуваат дека нивните имоти се обезвреднуваат на пазарот на недвижности. Бараат од надлежните да го преиспитаат случајот и да се увиди настанатата грешка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top