Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

 ОД ЈП „Водовод“ апелираат рационално да се користи водата за да има доволно за сите граѓани. Најчесто се соочуваат со злопупотреби на водата од градскиот водоводен систем за полевање на бавчи и  полнење на базени.

Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„.

„Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со цел да се обезбеди вода до сите потрошувачи, до крајните потрошувачи на ЈП“.

Скоро секоја летна сезона ЈП „Водовод“ се соочува со нерационална потрошувачка на вода од страна на жителите и туристите. Најчесто има злоупотреби на водата за пиење од локалните жители кои ги полеваат своите градини и бавчи.

„Да се соочуваме со злоупотреби на водата од водоводната мрежа се вадат бавчи прекумерно и некои крајни делови од селата како што се Вапила, Ливоишта, Лескоец, Горно и Долно Лакочереј за жал остануваат без вода“.

Светозар Стефановиќ, директорот на ЈП „Водовод“, повикува сите граѓани,гостите, сместувачките капацитети рационално да ја користат водата за пиење. Засега се забележуваат ситуации само да нема доволно притисок на водата во градскиот водовод, но не и да секнат чешмите.

вода, водовод, градскиот, зголемена, пиење, потрошувачката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top