Во охридскиот студенски дом Никола Карев има легла за над двеста студенти

Во охридскиот студенски дом Никола Карев има легла за над двеста студенти.

 |  Валентина Неловска  | 
дом

Во државниот студентски дом Никола Карев во тек е електронскиот оглас за пријавување на студенти, информира Марјан Ристески директор на домот. Пријавувањето се врши преку официјалната страна на Министерството за образование  и наука, и ќе трае се до 12 август  кога студентите од втора, трета и четврта година ќе можат да добијат место за сместување. Во охридскиот државен студентски дом има на располагање 231 легло, кажува Ристески.

„Во последните 3-4 години наназад исполнетоста на нашите капацитети се движи од 80 до 90 проценти. Очекуваме и оваа година да ја постигнеме таа бројка. Години наназад работиме на подобрување на условите за сместување во  домот. Структурата е вообичаена од градовите кои гравитираат кон Охрид, а тоа се Кичево, Македонски Брод, Прилеп, Битола, Ресен, а има и студенти од Африка, Азија и Јужна Америка кои студираат на Универзитетот Св.Апостол Павле во Охрид“, информира Ристески.

Во летниот период,  во државниот дом Никола Карев, и покрај тоа што работат комерцијално со туристи, постојано работат и на подобрување на условите за сместување, посочува Ристески.

„Максимално го користиме летниот период и паралелно работиме комерцијално со туристи, но ги освежуваме и собите со молерај, се прават зафати на подните површини и се средуваат аномалиите и се прават напори на 1 септември студентите да се дочекаат во подобри услови од претходната  година“, напоменува Ристески.

Конечните листи за студентите за студиската 2016/ 2017 година ќе бидат познати на 31 август, а за студентите кои ќе запишат прва година, уписите ќе бидат на 28 август, а ќе се сместат во домот на 9 септември посочува директорот на студенскиот дом  Марјан Ристески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top