Во Охрид родилките го следат мајчинскиот инстинкт и ги дојат бебињата

Во Охрид родилките  го следат мајчинскиот инстинкт и  ги дојат бебињата.

 |  Валентина Неловска  | 
bebe

Мајчиното млеко е едниствената и незаменлива природна  исхрана за новоорднечето во првите 6 месеци од животот. Предуслов за успешно доење е решеноста на мајката да го дои, да е упорна и истрајна, а е важна и поддршката од семејството и околината вели педијаторт д-р Зоре Димитриеска началник од советувалиштето за деца и млади. Родилките во Охрид го следат мајчиниот инстинкт.  
bebe
„ Кај нас во Охрид и околината нема проблем мајката да не дои. На општо задоволство мајките сакаат да ги дојат новороденчињата. Се информираат за предностите на доењето се трудат да дојат и да научат повеќе и да ги ислушаат нашите совети  и во тоа нема проблем“, појаснува д-р Димитриеска.    

Досегашното искуство покажува дека младите мајки се повеќе се едуцираат преку медиумите и интернет, напоменува д-р Димитриеска. Педијатарот напоменува дека пред извесно време нивното советувалиште со Црвен крст реализирале успешен проект за едукација на бремените мајки како да ги дојат новороденчињата. Димитриеска додава дека за таа цел и вратите на нивното советувалиштето за деца и млади  се постојано отворени за родилките и бремените мајки. Укажува и на поддршката која родилките ј а добиваат од советите на неонаталозите од гинеколошкото одделение, но и на 15 -те  патронажни сестри од Здрвствен дом.

bebe„ Улогата на патронажните  сестри е да ги посетат мајките и децата во домот. Даваат совети за исхраната на мајките и на новороденчињата, за хигиената и капењето. Исто така ја  препорачуваат и антирахитичната профилакса кај детето и го котролираат вакциналниот статус кај бебето“ вели д-р Димитриеска.

Годинава, светската недела за доењето се одвива под мотото, „Доењето е најдобар избор,  на мајките им е потребна поддршка“. Светската  здравствената  организација и Уницеф укажуваат на   важноста на доењето на  новороденчињата уште во првите 24 часа од раѓањето. Колострумот  е првото млеко кое се појавува кај мајките, а за педијатрите тоа е познато како прва вакцина за новороденчето. Содржи белковини, витамини  и антитела кои овозможуваат заштита од инфекции и заболувања кај бебето. Нема лошо и слабо мајчино млеко, тоа ги содржи сите хранливи својства во првите 6 месеци од животот на бебето, нагласува педијатарот Димитриеска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top