„Страст за носталгија “ изложба на охридскиот сликар Сашо Блажес.

„Страст за носталгија “  изложба  на охридскиот сликар Сашо Блажес. Донесува дваесеттина портрети работени во техниката масло на платно. Покрај автопортретот и негови блсики луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот сликар Сашо Блажес за прв пат ги претстави своите ликовни дела во својот роден град. На самостојната изложба прикажа дваесеттина дела масло на платно. Портретите се работени во последните три години на тема „Страст за носталгија“. Покрај автопoртретот и портретите на негови блиски луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори.

„Портрети на личности од моето опкружување, на личности од нашето минато и затоа е насловот Страст за носталгијата која не карактеризира на овие поранешни Ју простори преку музиката и филмот, она што се прикажувало и со што сме се поистоветувале како деца“, напоменува сликарот Блажес.

Покрај портретите Блажес во својот уметнички набој се занимавал и со студија на човекот обработувајќи ја психологијата на мажот и жената. Сликал со широки потези, но во еден здив, а целата колекција претходно е добро осмислена. „Страст за носталгија“ на Сашо Блажес во Охрид ќе биде изложена во галеријата на Куќата на Робевци до 12 август, а потоа од Охрид сликите ќе бидат изложени во Берлин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top