Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки

Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки.

 |  Валентина Неловска  | 
вип
вип

 

Виолета Белическа Ивановска се жали на неисполнета услуга од ВИП мобилниот опрератор. Таа  склучила договор на 24 месеци за користење на интернет услуга. Тврди дека од  17 април па се до денес не може да ја користи бараната услуга, заради дефект.  Побарала од продажниот центар на мобилниот оператор ВИП во Охрид,  како што вели да се отстрани проблемот за да ја користи услугата, а не да плаќа нешто што не го користи. УСБто преку кој Белическа Ивановска треба да ја користи интернет услугата од 23 август е доставен во ВИП и чека одговор што ќе се случи понатака.вип

„ Мислам дека сум во право и го молам ВИП да ми ги поврати парите за два месеци што платив, а ништо не користев, да преземи нешто или да го раскинам договорот. Јас сум сам жена со две невработени деца и не можам да плаќам нешто што не користам.“

Во меѓувреме на адреса на  Белическа Ивановска пристигаат сметки и покрај бројните поплаки и реакции до ВИП продажното место во Охрид. Кога одбила да плаќа услуга што не и овозможено да ја користи, а при тоа без никакво  образложение зошто е тоа така, почнале да и пристигаат побарувања од Агенција за присилна наплата. Вложила приговор и до Агеницјата за електорнски комуникации, но приговорот и бил одбиен. Од ВИП до денес  не и го решиле проблемот, а Беличевска Ивановска треба да плати нова сметка од 1290 денари.

вип„ Од ВИП Охрид велат не можеме ништо јави се во Скопје. Ништо, немам никаков одговор. Подготвена сум нека дојде комисија или инспекција нека види што се случува, ги  чувам документите.“   

ТВМ контактираше со Вангел Спироски од Органзиацијата на Потрошувачи на Македонија. Спироски напоменува дека на нивна адреса пристигаат  поплаки од граѓаните од мобилните оператори, но најчесто за неисполнување на гаранциите по гарантен лист.  Спироски советува сограѓанката да се обрати во Центарот за грижа на корисници во АЕК Битола.

Твм контактираше и со ценатрот за грижа на корисници од АЕК од каде кусо одговрија дека корисничката своите права треба да ги бара по судски пат. Стапивме во контакт и со ценатрот за корисници во ВИП мобилниот оператор од каде побараа прашањата за проблемот со Белическа Ивановска да ги испратиме по меил.
До затварањето на дневникот од ВИП операторот одговор не добивме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top