Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус

Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус.

 |  Валентина Неловска  | 

На улицата 15ти Корпус е опожарена една куќа. Дојавата за појава на пожар била примена вчера во утринските часови  во 8 и15 минути.  Противпожарните  возила пристигнале за 5 минути и пожарот го  локализирале во 8 и 40 минути, а го ликвидирале во 9 и 30 минути. Во гасење на пожарот  биле вклучени 4 возила и дванаесетмина пожарникари, информира заменик командирот Горан Маркоски.

„Посебни отежнувачки околности при интервенцијата е што во куќата  имаше складиште од гуми и високо горив материјал  бои и лакови и целокупна документација од правен субјект, хартија која дополнително се гаснеше и мораше да е растурена и дел по дел изгасната“ информираше Маркоски.  

Опожарената куќа била издадена под кирија. Во пожарот тешко е оштетена  чатијата на кровот и покуќнината.

„Првичните неофицијални податоци како причина за пожар е запалениот оџачки канал. Заради неисправност од градежен аспект овозможило горењето во каналот на оџакот да се прошири и ја зафатилот покривната конструкција која беше зафатена во моментот додека не пристигнаа пожарникарите. Тие пристапија и го локализираа натамошното ширење на пожарот“, кажува Маркоски.
 

Заменик командирот напоменува дека граѓаните не ги сфаќаат сериозни нивните апели за редовно чистење на оџаците кои може да презивикаат сериозни последици. Маркоски напоменува дека од почетокот на грејната сезона од 15 ти октомври до сега  интервенирале 19 пати. Интервенирале  18 пати на индивидуални куќи и еднаш на колективна станбена зграда.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top