Охриѓани се повеќе бараат еднократна парична помош и надоместок за нега

Во пораст бројот  на охриѓани кои поднесуваат барања за еднократна парична  помош и надоместокот за помош и нега од друго лице во охридскиот Центар за социјална работа. Енормно се зголемени барањата за надоместок за помош и нега. Подносителите на барањата тешко закажуваат термин за преглед кај Регионалната  стручна комисија која одлучува за одобрување по овој основ. 

 |  Валентина Неловска  | 

Се поголем број на охридски семејства бараат социјална помош од државата. Во охридскиот Центар за социјална работа во пораст е бројот на охриѓани кои поднесуваат барања за еднократна парична помош и надоместокот за помош и нега од друго лице, информира Ајтен Мусли, директорката на Центар за социјална работа. Износот на еднократната парична помош изнесува до 12.000 денари за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло во социјален ризик во случај на подолго лекување во здравствена установа.

„Тоа укажува дека пандемијата го разболе народот и психички и физички. Секој месец варираат тие барања за еднократна парична помош, а најмногу се бараат за лекување“.

Расте бројот и на барањата за надоместок за помош и нега. Пред пандемијата биле регистрирани 1100 лица корисници, а сега се околу 1600 корисници на овој вид социјална помош од државата. Многу од барателите кои треба да ги обноват решенијата и ќе имаат прекин во исплатата заради големата преоптовареност со работа на стручната комисија со барања.

„Енормно се зголемени барањата за надоместок за помош и нега. Не може да добиеме термини до регионалната Лекарска Комисија за Охрид, Струга, Дебар и Кичево и не можеме да најдеме термин еве моменталноза јули нема термин. Лице кое е корисник на нега ако сега му престани правото по решение на нега тој мора да има период на мирување и повторно  да добе термин за  Комисија“.

Висината на месечниот надоместокот во поголем обем изнесува 4.511 денари, а во помал 3.991 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Право на надоместок за помош и нега има за лицата со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и лице со трајни промени во здравствената состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top