• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските советници при гласањето на одлуките се потпираат на доверба на предлагачот

Охридските советници при гласањето на одлуките се потпираат на доверба на предлагачот

Охридските советници  при гласањето на  одлуките  се потпираат на доверба на предлагачот.

 |  Валентина Неловска  | 

Советникот Дејан Блажески од опозицијата во охридскиот совет, утре ќе побара на дневен ред да се стави барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упатено до Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во населбата Лагадин. Блажески за ТВМ кажа дек а опозицијата ќе побара локалата да постапи по барањето на државниот инспекторат и да се укине урбанистичко-планска документација донесена со општ акт за село Лагадин во 2015. Блажески, вели дека голем дел од одлуките на советот се гласаат само по партиско убедување, а голем дел од колегите се изјаснуваат без да имаат претходно увид во документацијата.

„ Законски е недозволиво советниците да се ставаат во заблуда од страна на ресорните министерства и од општинската администрација. Не сакам да звучи суетно, но прстот го вперувам и кон 13- те гласови “за”. Оваа барање од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам треба правно да се испочитува, затоа што како институција е над Советот. Одговорноста и топката сега е кај Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид, од кои понатаму треба да се бара одговорност за понатамошното постапување или непостапување. Потенцирам дека ова не е желба, туку упатствие кое мора да се испочитува“, изјави Блажески.

Ова барање на советникот Блажески отвара неколку дилеми. Меѓу нив се дали советниците имаат
целосен увид во седничните материјали по кои треба да донесат некоја одлука, дали при тоа имаат одговорност и дали има постапка за поништување на некоја претходно неиздржана одлука. Претседателката на Советот, Гордана Коњаноска од Вмро Дпмне, вели дека советот носи политички одлуки, советниците при тоа немаат одговорност, а истата ја лоцира кај предлагачот и претставниците на локалната администрација.

„ Советниците имаат можност да се информираат за аспектите на одлуките кои се носат, во деновите до одржување на седницата, на работа на Комисиите, и на седниците. Но, одговорноста ако се случи нешто да се пропушти и не ги задоволува законските нормативи ја сносат оние кои јапредлагаат таа одлука“, вели Коњаноска.

На седниците за деталните урбанистички планови доаѓаат материјали за кои мора да ги
има мислења од Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина, вели советникот Јоне Станкоски од Вмро НП.

„Доколку ги немаме тие мислења може да ги побараме да ни се приложат на седницата. Не ни помислуваме дека администрацијата или предлагачот би се осудиле да дадат материјал пред советниците за кој претходно не имаат прибрано мислења од соодветните министерства“, кажува Станкоски.

За да се поништи некоја претходно изгласана, а не издржана одлука тоа може да го побараат од  Советот, Заедницата на единиците на локална самоуправа  или физичко лице кое ќе поведе постапка пред Уставниот суд, потенцира Станкоски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top