Охридските основни училишта се без логопед

Охридските основни училишта се без  логопед.

 |  Валентина Неловска  | 
deca
deca

Охриѓанчиња  имаат се повеќе потреба од корекција на  говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека  расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени гласови при што се јавува проблем еден логопед да ги опфати сите, вели директорката Розе Костеска.  Таа додава дека се чувстува потреба  од дополнително ангажирање на ваков стручен  кадар бидејќи деца со пречки во говорот има се повеќе, а има  голем број деца кои имаат ваков проблем а не посетуваат градинка,  напоменува директорката  Костеска.
hu
„ 30 посто од  училиштата се опфатени во предучилишно згрижување,а  останатите кои не се опфатени имаат потреба од стручен кадар  во здравствен дом или другите институции за да ги опфатат овие лица. Градинките имаат голема потреба,  нашиот логопед отвори породилно боледување и овие услуги се ускратени за еден период. Очекуваме на повисоко ниво да се реши овој проблем“, потенцира Костеска.

Едно од најголемите основни училишта во општината, Христо Узунов, како и останатите општински училишта, нема  логопед. Се повеќе има ученици на кои  им треба помош од стручно лице за корекција на говорот, напоменува директорот Тони Симоноски.

„ Наши барања се испратени до општината Охрид и Министерството за образование и наука да ни  дозволат такво стручно лице кое ќе ги задоволи потребите на учениците“, кажува директорот Тони Симоноски.

gradinkaНаставниците од одделенска настава од генерација во генерација среќаваат ученици кои имаат проблем со неправилниот говор. Валентина Кузамноска, одделенски наставник од Св Климент Охридски со долгогодишно работно искуство  го потврдува растечкиот тренд на деца со  неправилен говор. И таа ја посочува потребата, од ангажирање на стручни лица кои ќе го корегираат говорот.Во меѓувреме тие се обидуваат со импровизирање да им помогнат на своите ученици да ги надминат проблемите.

„ Најчесто бараме помош од дефектолозите кои работат во училиштата да изготват стручни предавања да ни помогнат во идентификација и да ни дадат практични начини како да постапиме. Разговараме со родителите што може да направат ги упатуваме кај логопед, а нивниот број е се помал и во градот“, вели Кузманоска.

Засега единствена надеж на родителите да им помогнат на своите деца е болничкиот логопед  или приватните логопеди. Родителите чии финансии не дозволуваат ангажирање приватни часови за вежби со логопед единствена надеж е да добијат термин и третман од  логопедот кој работи во рамките на Општа болница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top