• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Одржани мотивациски предавања за охридските студенти од Факултетот за туризам и угостителство

Одржани мотивациски предавања за охридските студенти од Факултетот за туризам и угостителство

Студентите имаа можност да слушнат  како да стигнат до успех преку споделување на животните приказни на двајца млади успешни луѓе од  областа на туризмот и угостителството. Тие им  порачаа да ги следат своите амбиции и соништа за да успеат во нивните  професионални цели. 

 |  Валентина Неловска  | 

Студенското собрание при охридскиот Факултет за туризам и угостителство организира мотивациско предавање насловено како „Патот до успехот“. Со свои мотивациски предавања учествуваа Дамир Бошњак успешен менаџер на елитни хотели на Блискиот Исток и Бранко Попоски, блогер и готвач.
Дамир Бошњак ги сподели неговите искуства во областа на туризмот и угостителството. Како претставник на компанијата „Dream Big Hospitality“ и 15 годишното искуство од работата во Америка, Европа и Блискиот исток, денес, им го пренесува својот рецепт за успех на младите луѓе. Патот до успехот не е лесен, тоа е интегритет, напорна работа и амбиција за успех.

Сакам да им кажам на младите дека има можност за успех. Може да успеат и со напорна работа може да го постигнат она што јас го постигнав. Почнав со паркирање на коли и носење на куфери на гостите за да стигнам до генерален менаџер во хотел во Дубаи и до најмладо лице на насловна страна на магазин за хотелиери на 32 години.“

Игор Пешески, претседателот на студенското собрание при ФТУ и Емилија Баткоска, координатор на настанот Патот до успехот, сметаат дека со мотивацските предавања ќе им помогнат на младите луѓе да се охрабрат да чекорат во понатамошниот професионален живот следејќи ги позитивните примери на успешните луѓе.

Настанот се реализира за студентите кои слушаат менаџмент и имаат сон да станат успешни менаџери. Ќе го слушнат трнливиот пат кој скоро секој мора да го изоди за да стигне до врвот“.

„На студентите им се потребни примери за успешни луѓе кои ќе ги поттикнат и насочат да ги оставарат своите цели. Тие ќе ја раскажат нивната приказна како успеале, кои биле нивните пречки и падови и како стигнале таму каде што се денес“.

Студенското собрание при ФТУ според Годишната програма за работа за оваа година има во план да организира повеќе вакви мотивациски предавања со успешни професионалци кои се покажале како интересни за студентите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top