Невработените ќе се пререгистраат

Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување.

 |  Валентина Неловска  | 
agencija
agencija

 Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани  преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема.

До 1 декември  во Центарот за вработување може да аплицираат  невработени лица за поддршка при  вработување како почетници практиканти,  обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени лица. Центарот за вработување неколку години спроведува активни мерки за вработување и прави мониторинг колку лицата понатака се успешни во работата, напоменува Јован Баткоски, директор на  Центар за вработување

центар за вработување„ Можам да кажам, дека во најголем број од овие ангажмани лицата кои користеле мерки  за  самовработување или од другите активни мерки  и политики, постои успех и ги даваат очекуваните резултати“.
 
Во моментов во општина Охрид на евиденцијата во Центарот за вработување без работа се водат 8 200 лица. Но, при посредувањето во вработувањето  од  Центарот и  понатака се соочуваат со добро познатиот дисбаланс на понудата и побарувачката на  пазарот на трудот, вели Баткоски.

 
„ Постои јаз помеѓу сферата на образованието и потребите на економијата и работодавачите. Потребно е да работи на надминување на тој јаз со кој се соочуваат и остантите земји од нашето опкружување“, кажува Баткоски.

Од Центарот за вработување од декември најавуваат примена на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Со измените ќе има пререгистрирање на невработените лица кои при тоа ќе треба да се изјаснат дали активно  бараат работа или не.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top