Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Долгиот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните дополнително го намалија водостојот. Од УХМР ги демантираат објавите кои осамнаа на социјалните мрежи дека намерно е исклучена информативната табла за мерење на водостојот на Охридското Езеро.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР.

Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга и сушниот период. Сега доаѓаат дождови кои ќе доведат до стабилизација на нивото на езерото – истакна Угрински.

Нивото на водата е намалено и во речното корито на Црн Дрим во Струга. Според денешното мерења измерениот речен водостој е 30 цм во Ложани кај хидролошката станица низводно од регулациите. Тоа покажува дека е низок водостојот и кај Ложани.

Таму е вештачки регулиран водостојот, независно од испуштањето на вода за низводните акумулации за Глобочица и Шпилје. Постојат две регулациски талпи во Струга, водостојот има вештачко влијание и е зависен од производството на струја и Елем кој стопансисува со тоа -додава Угрински.

Од УХМР ги демантираат објавите кои беа споделени на социјалните мрежи дека информативната табла за водостој поврзана со автоматската станица за мерење на водостојот на езерото е намерно исклучена. Хидролозите напоменуваат дека таблата веќе подолго време не работи затоа што потребен е нов софтвер за да има посинхронизирани податоци. Додаваат дека имаат набљудувач кој секојдневно врши мерење на поставената летва на пристаништето и податоците ги има на страната на УХМР.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top