• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи

Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи


Хотелиерите треба да ги формираат цените за користење на ваучерите од државата кои се спас за туристичкиот сектор. Министерството за економија заедно со здруженијата и стопанските комори работат на 4 сет мерки за помош на најпогодените стопански сектори меѓу кои се и хотелиерството, угостителството и транспортот.

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите ги прават пресметките за формирање цени за сите категории резервации во приватното и хотелското сместување, информира Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите се благодарни на владините мерки за помош на нивниот сектор и ќе треба да понудат избор на граѓаните кои ќе ги користат ваучерите и платежната картичка за да летуваат дома. Се очекува домашните туристи да ја спасат летната сезона и да не банкротира туристичката индустрија. Цените за семестување ќе се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе оди на одмор, вели  претседателот на ХОТАМ.

Не е за без пари ќе се оди по пазарна економија тоа што ќе може да се дозволи во моментов за да се преживее и да извадат реални трошоци во индустријата и да се преживее. Се што сме нуделе на странските гости кои биле презадоволни ќе е понудено и на домашните гости“, вели Блажески.

Минатата година се забележа пораст на остварените ноќевања кај домашните туристи. Сега со понудениот пакет на мерки за помош на овој сектор хотелиерите во претстојната сезона очекуваат пад не поголем од 30 посто во бројот на реализрани ноќевања. Последниот пакет на владини мерки е тежок над 16 милиони евра. Во него за помош на домашната туристичка индустрија ќе им се доделат ваучери на 100.000 граѓани за да ги користат во домашните туристички сместувачки капацитети. Ова е со цел да се поттикне потрошувачката и да се поддржи овој важен сектор за економијата, напоменува и ресорниот министер Крешник Бектеши.

„Идната надела ќе го имаме финансискиот нацрт. Што се однесува до јавниот повик кој ќе го објави министерството за да се пријават хотелите во земјава и хотелите од охридско-струшкиот регион кој според наше очекувања ќе се најпогодени оваа сезона. Ние како министерство и Влада посветено работиме со сите засегнати страни за да се надмине се со помал здравствен ризик и социо-економската криза“, кажа  Бектеши министерот за економија.

Министерството за економија заедно со здруженијата и стопанските комори работат на подготвка на 4 сет мерки за помош на најпогодените стопански сектори. Во вонредна состојба во земјава со пандемијата Ковид 19 сите мерки кои се реализираат се во согласност со барањата, потребите и финансиските можности на земјата, вели Бектеши. Од буџетот се предвидени 550 милиони евра или 5,5 проценти од бруто домашниот производ средства кои ќе се користат за опоравување на економијата во целина, а посебно хотелско-туристичкиот сектор и транспорт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top