• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот

Ирена Стефоска, Македонската министерка за култура и претседателка на Националната Комисија на Унеско е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја под Унеско. Таа не е задоволна од досегашната соработка со институциите на локално и државно ниво во имплементација на препораките од Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не е задоволна од досегашната соработка со институциите на локално и државно ниво во имплементација на препораките од Унеско со дивоградбите на крајбрежјето, посебно од струшкиот градоначалник Мерко.

„Со децении направени се пропусти и неделување, тоа ни се удира од глава на сите нас. Јавно апелирам и повикувам, не бегаме од одговороност, секој да го понесе својот дел од одговорност и од локалната власт, граѓаните и невладините организации бидејќи овој регион ни припаѓа на сите нас и на светот“.

Охридскиот регионот има горлив проблем во справување со депониите Буково и во непосредна близина на Струга, покрај справувањето со дивоградбите на крајбрежјето. Унеско даде препорака да се затвори депонијата Буково во 2021 година, а за овој проблем нема сеуште решение. Министерот за животна средина Насер Нуредини за двете депонии Буково и депонијата во непосредна близина на Струга, кажа дека интензивно се работи на решавање на овој проблем.

Ние сме во процедура за земање заем од ЕБРД и ќе финансираме изградба на регионална депонија до септември-октомври изградба, имаме физибилити студија за сите овие регионачни проекти. Како што кажав проектот за депонијата е во тек и се работи во регионот на Пелагонија“.

Членовите на националните Комисии на Унеско од двете земји и Владите, преку Македонското министерство за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина Бленди Клоси, потпишаа изјава за заедничко посветено работење и разрешување на сите тековни и наследени предзивици во заштита на регионот, како и забрзано спроведување на соодветни активности, кажа Елва Маргарити, министерка  за култура Албанија.

„Го потпишавме денешниот билатерален договор кој ќе ни ги отвори вратите во иднина. За поддршка на природното и културнот наследство на регионот, за да ги зачуваме природните богатсва во двете земји“.

„Охридското езеро е едно од најстарите езера во светот и богатсво што ние заеднички го имаме, кое има можности за туризам, но ние ќе работиме за да го зачуваме ова природно богатсво, изјави Бленди Клоси, министер  за туризам и животна средина Р.Албанија.“

Потписниците на изјавата се обврзаа да работат посветено на решавање на сите проблеми, да работат на изнаоѓање на механизми за ублажување на заканите и начини како правилно да се одговори на проблемите.

Билатералниот Комитет за заедничко управување со Охридското Езеро помеѓу Македонија и Албанија се формира во 2020 година по состанокот на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО кое се одржа во Баку 2019 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top