На улицата Гоце Делчев тече вода од пукната водоводна цевка

На улицата Гоце Делчев  тече вода од пукната водоводна цевка. Жителите од населбата Воска реагираат дека цевката тече една недела. Од МЈП Проаква ветуваат санирање на дефектот во текот на утрешниот ден. 

 |  Валентина Неловска  | 

Вода тече по улицата Гоце Делчев од дефект на водоводна цевка. Излевањето на вода се случило минатата недела кога дефектот до надлежните служби на МЈП Проаква бил веднаш пријавен од страна на жителите од населбата Воска.
Тие реагираат дека  дефектот кај надлежните го пријавиле во два – три наврати, но проблемот досега не е саниран.

Од МЈП Проаква најавуваат дека службите на дефектот ќе работат утре кога ќе го санираат.

Техничкиот директор на МЈП Проаква информира дека екипи на нивното претпријатие работат на поправка на поголеми дефекти на неколку локации во градот.

Се вршат поправки на два цевководи од 450 фи во населбата Билјанини извори, а од фи 300 во близина на Автобуската станица кај поранешната фабрика Илинден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top