На удар е стандардот на граѓаните по покачувањето на цената на струја

Негативна  рефлексија ќе има  врз кревката економија во земјава во услови на пандемија, сметаат работодавачите. Има компаниите кои работат со загуби , но  да ги зголемуваат  цените на производите туку да ги  намалат трошоците во производствениот процес , повикуваат од Бизнис Конфедерација на работодавачи. 

 |  Валентина Неловска  | 

Стандардот на граѓаните е во ризик по последното покачување на цената на електричната енергија од 7,5 посто, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на работодавачи. Во услови на пандемија и кога голем број комапнии работат со загуби, а е намалена потрошувачката , зголеувањето на цените ќе падне врз грбот на граѓаните, вели Бошков. Граѓаните секојдневно се во исчекување дали ќе има лавина од поскапувања на производите и услугите.

„Во овој момент на граѓаните и општеството им е важен секој денар. Сакале да прифатиме или не, дали да шпекулираме дали е големо или не покачувањето или објаснувањето дека поскапувањето е многу ниско. На граѓаните им значи секој денар и на товар им е и ова поскапуавње. Статистиката ќе каже на крај дали поскапувањето ќе влијае и врз инфлацијата, но и врз намалување на стандардот и потрошувачкиот ефект кај граѓаните“.

Во услови на пандемија економијата во земјава се соочи со тешки услови за работа. При тоа сите области ги почуствуваа во своето работење последиците од новонастанатат ситуација и скоро поголемиот дел од домашните компании рабоат со загуби. Но, компании кои се најдоа исправени пред неочекувани предизвици да не ги зголемуваат цените на производите туку да се потрудат да ги намалат трошоците во производствениот процес, повикуваат од Бизнис Конфедерација на работодавачи.

„Ние би сакале да им упатиме порака до компаниите веднаш да не сметаат на поскапување на производите и на усугите. И така потрошувачката економија ние кревка, пандемијата Ковид 19 има големо влијание врз стандардот на граѓаните, потрошувачите. Порачуваме да не ги зголемуваат цените туку компаниите да го оптимизираат трошокот врз намалување или поекономично работење во производството, енергијата, едноставно во самиот производствен процес“.

Одлуката за зголемување на цената на струјата во овој период не е погодна. Требаше да биде избалансирано со најавениот пакет од новата влада за даночни олеснувања и слободна даночна политика, смета Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на работодавачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top