Мобилни тоалети ќе се поставуваат на 7 локации во градот

 Мобилни тоалети ќе се поставуваат на 7  локации во градот.

 |  Валентина Неловска  | 
тоалети

Наскоро на  повеќе локации низ градот ќе бидат поставени јавни мобилни тоалети. Со ова ќе се реши недостокот од јавни тоалети со кои градот се соочува подолго време. Тоалетите ќе функционират само во летната сезона и ќе бидат поставени на повеќе локации, а ќе ги има на места каде што досега не беа псотавувани, вели портапротл на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески.

тоалети„ По 2 тоалети ќе се постават во Воска и Даљан кај Младински, 2 кај автобуската станица, на 5 локации кај Горна Порта, потоа во близина на Домот за култура, по кеј Маршал Тито, кај мостот и кај скејт паркот“, ги набројува локациите Танески.

Обврската  редовно да ја одржува хигиената на 24 -те мобилни тоалети  ја има компанијата МСС (мобилни санитарни сервиси), напоменува Танески.

„ За време на летната сезона 2016 компанијата која ја доби јавната набавка има обврска 2 пати во текот на неделата, во работните денови понеделник и петок да ги одржува во чиста состојба објектите со дезинфекција“, укажува Танески.

Тоалетите ќе бидат во функција за време на летната сезона до месец септември.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top