Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта

Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта. И понатаму се намалува бројот на првчиња во општина Охрид. Во учебната 2017/2018 се запишани 498 првачиња. Од државниот инспекторат за образование информираат дека тоа се должи на голем број  иселени семејства во странство. 

Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави добиле повратни известувања дека семејствата се одселени во странство. Има случаи и на запишани првоодделенци во други градови. Од инспекторатот очекуваат родителите кои од разни причини досега не ги запишале децата тоа да го направат во вториот уписен рок. Но, статистиката во општина Охрид покажува дека бројот на првооделенците од година во година има тенденција на намалување.
Од податоците на одделението за образование при Локалната самоуправа се гледа дека бројот на првачиња во учебната 2016/2017 бил 536, во учебната 2015/2016 бројот е 540, во 2015 /2014 е 519. Бројот на запишани првчиња бил најголем во учебната 2013/2014 и изнесувал 561.

белата, данокот, миграцијата, основните, училишта, чума

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top