Летната сцена Долни Сарај хортикултурно се оплеменува

Се враќа сјајот на летната сцена Долни Сарај.

 |  Валентина Неловска  | 

Долни Сарај една од најатрактивните летни сцени хортикултурно ќе се оплеменува. Со засадување на рози ќе се враќа нејзиниот некогашен сјај. Трајче Нумоски, сценско технички организатор во НУ „ Фестивалот Охридско лето“, во своето 4 децениско работење во оваа институција, го памети овој простор како цветна градина опкружена со безброј цвеќиња и зеленило. Тој е задоволен што после долго време се уредува овој простор.
ohridsko leto
„ Од секогаш кога паметам се засадувале рози, цвеќе. Но, последните години ја запоставивме сцената која се користеше и беше сцена број еден на фестивалот Охридско лето, па потоа се одеше на другите сцени, на Долни Сарај и Света Софија, “раскажува Наумоски.

Во акцијата на уредување на овој простор учествуваа сите вработени од оваа национална установа, а беа предводени од директорката  Елизабета Јанкулоска.  Јанкулоска  е задоволна од деловната соработка со  ЈП Комуналец.

„ Ние покрај розите засадивме  и други цвеќиња и ниско стеблести растенија. Лани имавме убава соработка и за сите сценски простори  каде што се реалзираа настаните ни дадоа прекрасни цвеќиња за да го оплемениме прострот. Со Долни Сарај ја започнавме подготовката на сценскиот простор и симболично на овој ден ги засадивме овие цвеќиња. Ќе продолжиме и на останатите  сценски простори кои ќе ги користиме,   

Директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа укажа на  плановите  Охрид да го претворат во цветно гратче на Балканот. Нивна намера е да го вратат препознатливот изглед на градот по убавите разнобојни рози.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top