Лекарите од внатрешноста со вакцината Бионтек/Фајзер ќе се имунизираат во Скопје

Во овие установи недостасуваат посебни фрижидери за безбедно чување на Фајзеровата вакцина. Од Комитетот за имунизација најавија дека лекарите од внатрешноста ќе бидат повикувани за вакцинација во Скопје.

 |  Валентина Неловска  | 

Околу 200 медицински лица од Охрид  колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид.

Заради специјалниот начин на чување на вакцината на минус 70 степени тие ќе бидат во Скопје затоа што таму има такви фрижидери. Ќе бидат вакцинирани пред се здравствените работнци во Ковид центрите во Скопје. Дополнително ќе бидеме известени колку вакцини ќе пристигнат од Кинеските за нашите здравствени работници“.

Д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, денес, изјави дека направени се приоритетни листи на вакцинирање на лекарите. Фајзеровата вакцина е специфична затоа што стои на минус 70 степени, а потоа се раствора и аплицира. Планот е да се почне со вакцинација на лекарите од Инфективна клиника, од 8-Септември, па здравствените работници од Клиничките болници и потоа ќе се повикуваат лекарите од цела Македонија, изјави Грозданова. Според неа, на почетокот ќе се вакцинираат од 300 до 400 луѓе дневно.

Охридскиот Здравствен дом е подготвен за имунизација со другите вакцини. Обучен е персонал и подготвени се простории и протокол за одвивање на имунизацијата против ковид 19.Според изготвен протокол вакцинацијата ќе се одвива во Службата за превенција и здравствена заштита на деца и млади. Таму има посебни простории, патека на движење и чекални.

„Вакцинирањето ќе го обавуваат 4 тимови состaвени од доктор и медицинска сестра. Ќе се ротира во прва смена од 8 до 15 часот. Доколку има поголеми количини на вакцини има подготвеност да се работи и во две смени за да се одговори на потребите“.

Од општа болница Охрид се пријавиле околу 150 медицински лица а од Здравствен дом Охрид досега се пријавиле 60-тина медицински работници, лекари, сестри и помошен технички персонал за имунизација против ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top