Клуб 25“ од охридскиот Црвен крст ја промовира крводарителната акција „Водици 2016“

„Клуб 25“ од охридскиот Црвен крст  ја  промовира крводарителната акција „Водици 2016“.

 |  Валентина Неловска  | 
ck

Младите активисти при  ОО ЦК од „Клуб 25„ со флеш моб ги анимираа сограѓаните за утрешната крводарителна акција. Преку промоција на клубот кој има задача да ги мотивира младите луѓе и нивните активности се стави акцент на утрешната крводарителна акција „Водици 2016“, информира лидерот на клубот Васко Ѓорѓиевски. Во моментов  клубот брои 27 млади членови од кои повеќето се крводарители.

ck

„ Најчесто членовите се крводарители. Некои се со околу 7-8 крводарувања, некои се 18 годишници со околу 1-2 дарувања. Некои немаат дарувано ама  сакаат да бидат крводарители  и ќе се приклучат кога ќе можат да даруваат“, напоменува Ѓорѓиевски.
 
Крводарителните акции се спроведуваа и во затворен и отворен простор, но од пред две години крводарувањата на отворено не се дозволени. Тоа  се одрази на одлуката луѓето да дарува крв на самото место на настанот каде што се поставуваа шаторите, информираат од „Клуб 25“.

цк

„Влијае врз бројот на собраните крвни единици. Намален е бројот за околу 30 проценти, но ние ќе се погрижиме тоа да не е драстично  и ќе се обидеме да го зголемиме бројот на дарувањата“, подвлекуваат Ѓорѓиевски од „Клуб 25“.    

Ние ќе ги мотивираме заинтресираните  и ќе ги информираме потенцијалните крводарители дека утрешното  крводарување ќе се одржи во просториите на студенскиот дом „Никола Карев“, истакна Васко Ѓорѓиевски од „Клуб 25“ при ОО ЦК.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top