Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта

Во охридските училишта скоро и да не постојат современо опремени кабинети по предметот физика. Учениците се лишени од можноста теоретското знаење да го поткрепат со изведување на експерименти. Во образовниот систем се  направија промени , но не и во опрема со нагледни средства со кои ќе ги заинтересираат учениците за физиката, велат професорите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта , укажува доцент д-р Ристе Попески Димоски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет од Скопе. Учениците наставниот предмет физика го учат само теоретски од учебниците. За доближување на физиката до ученците треба правење експерименти за што треба минимална опрема која сега ја нема во школите, додава Димоски.

„Кабинетите не само што се застарени тие се исчезнати , во некој шкаф затворени.Но, би требало секое училиште и гимназија да има кабинети по физика, хемија , биологија каде што ќе има нагледни средства за да ги прикажат работите кои оскудно се учат од учебниците“, укажува Доцент д-р Попески Димоски.

Во охридските школите пак, каде што постојат кабинети по физика тие се во лоша  состојба. Учениците се лишени од можноста теоретското знаење од областите кои ги изучува физиката да го поткрепат со изведување на експерименти , потврдува и наставникот Вера Зороска од ОУ Христо Узунов.

„ Кабинетите не се реновирани од кога се изградени школите. Програмата тогаш што се работела е различна од сегашните барања и потребно е менување од корен на состојбите во наставниот процес, како што се промени образованието потребно е да се прати и движењето на светските насоки и барања на  науката и во нашата држава“, вели Зороска.

Вера Зороска наставник по физика од ОУ „Христо Узуно“в за интересот кај учениците за физиката вели дека е индивидуален. Тоа зависи од нивната возраст и од областа. Физиката, сепак е најинтересна кога она што се учи теоретски е пропратено со експерименти. Она што учениците ќе го слушнат теоретски најефиксно е ако и практично го видат, вели наставникот по физика Вера Зороска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top