Хотелот во Лагадин ќе се гради, се е во согласност со законот тврдат од урбанизам

 Хотелот во Лагади   ќе се гради, се е во согласност со законот тврат од урбанизам 

 |  Валентина Неловска  | 

Правосилно е одбрението за градење на хотелскиот комплекс во Лагадин, тврдат од секторот за урбанизам и просторно планирање. За овој објект деновиве државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег. Од секторт за урбанзиам испратиле соодветен одговор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин. Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,тврди дека локалната ги испочитувала сите закони за градење по општ акт за село без урбанистички план, а за кој законодавецот не предвидел спроведување на јавна презентација и анкета. Како што кажа Јоноска, истото важело и за Стратегијата за оценка на влијанието врз животната средина.

„Исто така согласно член 28 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Прирачникот за водење на постапка општ акт за село , донесувачот на општ акт нема законска обврска да донесе одлука за спроведување или неспроведување на Стратегијата за оценка врз влијанието на животната средина“, убедува Јоноска.

Пропадна обидот за додавање точка на дневен ред на денешната седница на совет од страна на опозицијата која сакаше советниците да го разгледаат барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упатено до Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во населбата Лагадин. Мнозинството на советници од Вмро Дпмне и коалиционите партнери во охридскиот Совет не дадоа поддршка. Со ова несфатливо однесување Градоначалникот и советниците од Вмро Дпмне покажаа дека не водат грижа за интересите на граѓаните , рече при тоа претседателот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски.

„ Кога се носеше општ акт за Лагадин ние бевме против. На денот на гласањето ни донесоа материјали и се прекрши деловникот. Како советничка група се залагаме да се регулира крајбрежјето кај Лагадин едно од најатрактивните, но не на ваков дивјачки начин кој пробаа да го направат градоначалникот и советниците од Вмро Дпмне“, напомена Стојаноски.

Ние како советници не можеме да го поништуваме одобрението за градба, но можеме да ја поништиме целокупната постапка на донесување на урбанистичката планска документација за село Лагадин, кажа координаторот на советничката група на СДСМ.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top