Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани

Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.

 |  Валентина Неловска  | 
egipkani
egipkani

Масовно излегување на престојните локални избори  повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.

„ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е  мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.
egipkani
Од Сојузот на египќани од следната недела информираат  за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите кои ги имаат египќаните во Охрид. Најавуваат кривична одговорност за оние кои ќе применат политички притисоци врз египќаните.

„ Ги охрабруваме египќаните кои имаат проблеми на работните места и притисоци да ги пријават. За сите оние кои ќе применат таков начин на дејствување ќе бидат кривично гонети“, потенцира Далип.  

Неодамна, двајцата предводници на Сојузот на египќаните, Петрит Хусеин носител на независна советничка листа и Демир Далип независен кандидат за градоначалник, ги повлекоа кандидатурите, поради, како што кажаа, закани и притисоци кон нив и нивните семејства. Како што информираат, за овие притисоци одлучиле да не поднесат кривични пријави за сторителите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top