Дефект на цевковод ги остави без вода Аеродромот и околните села во Дебрца

Дефект на цевковод ги остави без вода Аеродромот и околните села во Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 
gradonacalnik
gradonacalnik

Жителите на Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродромаската зграда Св Апостол Павле и во текот на денешниот ден имаа повторно прекин во водоснабдувањето. Причината за прекинот во водоводната мрежа е дефект на главната водоводна мрежа од „Св. Еразмо“ до селото Горенци. Се работи за водоводна мрежа постара од 3 децении. Квалитетот на цевките и нивната амортизација се причина за честите дефекти, информира градоначаланикот на Дебрца Игор Трајкоски.
Igror
„Екипи на комуналното претпријатие се на терен и дефектот ќе се санира за многу брзо. Во текот на летото ќе нема други дефекти. За во иднина планираме друг аалтернатива за да не доаѓа до дефекти и за санација на мрежата“, изјави Трајкоски.

За решавање на проблемот планираат да реализираат проект кој е во фаза на подготовка. Градоначалникот Трајкоски објаснува дека нивната намера е да направат дополнителна пупмпна станица од Требеништа кон Подмоље ко а во случај на дефект ќе се активира како заменска . Цевководот ќе е во должина од 500 метри.  

Ова е втор дфект во водоснабдувањето кога само пред една недела населбите  Подмоље, Оровник и Горенци и аеродромот исто така останаа без вода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top