Се ближи крајот на проблемите со водоснабдувањето во Лескоец

15 милиони денари за поставување на нова водоводна мрежа во Лескоец

 |  инфодеск  | 

 

Локалната, односно меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква ќе ја поставува долго најавуваната нова водоводна линија од влезот до излезот на Лескоец.

Се ближи крајот на проблемите со водоснабдувањето во Лескоец. Локалната самоуправа преку меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква ќе поставува нова водоводна мрежа долж најголемата улица во Лескоец, улицата „Рашанец“ на која воедно живее и најголемиот број од населението во Лескоец.

Од ПРОАКВА информираат дека новата водоводна линија ќе се поставува по целата должина на оваа улица и тоа од влезот на Лескоец кај бензиската на Макпетрол, па се до излезот на селото кај царинскиот терминал на ЕМО односно по магистралниот пат Охрид-Битола.

Станува збор за должина на водоводна мрежа од околу 2600 метри на која ќе бидат поставени цевки со профил од 160 милиметри и со капацитет на притисокот од 10 бари. Од ПРОАКВА велат дека трасата ќе се води по левата страна на магистралниот пат Охрид-Битола врз која ќе бидат изведувани приклучоци за корисниците додека пак за десната страна ќе бидат изведувани продори под патот со хоризонтално бушење. За оваа намена предвидени се средства од околу 15 милиони денари, а со зафатот се очекува да бидат разрешени проблемите околу водоснабдувањето на населението на улицата Рашанец кој се појавува во летниот период, а кој според Проаква е последица на малите профили на старата и дотраена инсталација и тесните грла кои настануваат во истата. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top