Без проблеми се одвива чистењето на речното урбано корито на Црн Дрим

Досега се исчистени  една третина од должината на коритото, а работите се очекува да завршат до крајот на октомври. Последното чистење на коритото на Црн Дрим  било пред три и пол децении.   

 |  Валентина Неловска  | 

Без проблеми се одвиваат работите за чистење на урбано речно корито на Црн Дрим, информира Никола Здравески, проект менаџер од УНДП. Сигурни сме дека и понатака ќе нема проблеми бидејќи имаме поддршка од локалното население и општина Струга. Исчистени се една третина од 765 метри должина од урбаното корито,а работите се очекува да финишираат до крајот на овој месец, кажува Здравески.

Според досегашните активности кои се отпочнати од пред една недела се дојдени до 1/3 од работите. Пред почетните активности изведувачот работеше на пристапи и се водеше сметка при активностите да нема оштетување на кејот на коритото. Активностите ќе се забрзаат затоа што подготвителните работи за пристап се овозможени“.

Чистењето на коритото е една од активностите од поширокиот сет на мерки кои се однесуваат на подобрување во управувањето со ризиците од поплави во поширокиот Дримски слив, вели Здравески. Како активности се дел од регионален проект во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кој го спроведува во државата во партнерство со МЖСПП. Предвидените активности за реставрација на реката Црн Дрим имаат поврзаност и со реката Сатеска, вели Здравески.

„Пред се ќе вклучи реставрација и пренасочување на коритото на реката Сатеска во старото корито еден еколошки горлив проблем последните 10 -15 год од самото нејзино враќање и насочување во Охридско Езеро со што се појавува како главен загадувач на самото езеро“.

Со чистењето на речното коритото на Црн Дрим ќе се подобри и пропусната моќ на коритото и ќе се зголеми капацитетот за собирање на атмосферските води, а со тоа ќе се намалат и ризиците од поплави. Последното чистење на речното корито на Црн Дрим било во 1985 година.

Проектот на УНДП се спроведува во партнерство со МЖСПП , АД Водостопанство – Подружница Црн Дрим, АД ЕСМ, и општините од сливот на Црн Дрим.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top