• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид

Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид

Амбасадорот Џес  Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Амбасадорот Бејли во Охрид се сретна  со првите луѓе на ОК на Вмро Дпмне и со Општинската изборна комисија. Посетата на ОК на Вмро Дпмне  беше на иницијатива на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли , а при тоа оствари средба  со претседателот  на ОК Љубен Арнаудов и  пратеникот Сашо Василески.  По едночасовната  средба амбасадорот Бејли не даде изјава за медиумите, а  со изјава се огласи поранешниот пратеник Сашо Васиелвски  , кој при тоа истакна дека средбата резултира со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори.

„На Македонија на  11 декември и требаат фер избори. Јас како пратеник во Собарнието на РМ и новиот претседател на ОК , Љубен Арнаудов, тоа му го ветивме. За тоа се доказ изборите во 2014, беа фер и кредибилни затоа што истите списоци што беа дадени за време на парламентарната криза беа истите во 2014 и ќе се  истите во 2016. Разговаравме за многу можности за соработка на нашата партија и  држава со САД  и се надеваме дека перидот кој  следи  ќе докажеме дека партијата ВМРО ДПМНЕ ќе победи  на овие избори со мнозинство гласови и со мнозинство во парламентот , а нашата одговорност  како политичари на државно ниво и на локалните институции е да обезбедиме демократско право на секој граѓанин да си го даде гласот за тој што ќе смета дека за оваа држава ќе направи повеќе“, изјави за медиумите Сашо Василевски. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top